Дипломатски конвој на турскиот конзулат нападнат во Ирак

Од:

Бомба експлодира денеска во Ирак на пат, по кој се движеле возила на дипломати од турскиот конзулат во Мосул, јави ИТАР ТАСС.

Во експлозијата нема повредени, нанесени се само штети на автомобилите.

Дипломатите, меѓу кои и конзулот Јозтурк Јилмаз, патувале со четири автомобили кон престолнината на Ирачки Курдистан, Ербил.

На истокот од Мосул непознати лица активирале експлозивно средство, поставено покрај пат. Целта на нападот се претпоставува дека бил конзулот, но неговото блиндирано возило ги заштитило патниците од експлозијата.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак