Дипломат на НАТО: САД размислуваат за префрлање војници од Западна во Источна Европа

Од:

САД размислуваат во следните неколку недели да преместат дел од своите војници стационирани во Западна Европа во Источна Европа, изјави за британските медиуми дипломат од НАТО, во услови на ескалација на тензиите меѓу Украина и Русија.

-Ова се однесува на американската војска која веќе се наоѓа во Европа, изјави дипломатот, кој сакаше да остане анонимен, потврдувајќи го извештајот на весникот „Њујорк Тајмс“ во кој се вели дека американскиот претседател Џо Бајден размислува да испрати американски војници во балтичките и источноевропските сојузници.

НАТО денеска соопшти дека ги става своите сили во состојба на подготвеност и дека Источна Европа ја опремува со повеќе бродови и борбени авиони, што Русија го осуди како ескалација на тензиите околу Украина.

Дипломатот кажа дека потенцијалното преместување на војската ќе биде постепено и дека до пополнувањето на празнината на НАТО на источното крило може да се случи во наредните недели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала