Динго нападнал девојче на австралиски остров, ја грабнал и ја држел под вода

Од:

Динго вчера нападна девојче на австралискиот остров Фрејзер, по што беше пренесена во болница. Детето од основно училиште пливало во моментот на нападот, а дингото наводно ја грабнал и ја држел под вода неколку секунди, рекле спасувачите.

Иако членовите на семејството веднаш дошле на помош и го избркале дингото, девојчето се здобило со повреди од каснувања на главата и прстите. Таа со хеликоптер е пренесена во болница во стабилна состојба. Нападот на диво куче се случил вчера во 16:40 часот по локално време, пишува Би-Би-Си.

Околу 200 динго живеат на островот Фрејзер во Квинсленд, популарна туристичка дестинација со статус на светско наследство. Воведени се строги правила за нивно хранење, со високи казни за прекршителите.

Минатата година петгодишно момче беше однесено во болница со хеликоптер бидејќи на плажата го нападнало диво куче и го каснало по главата, раката и задникот. Во 2001 година, деветгодишно момче беше убиено од динго во близина на камп на островот.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он