Дилма Русеф ја одложи посетата на САД и од Обама побара извинување за шпионирањето

Од:

Бразилската претседателка Дилма Русеф ја одложи посетата на Вашингтон закажана за 23 септември. Причината за одложувањето е шпионирањето на Бразил, од страна на американската безбедносна агенција НСА.

Русеф од американскиот претседател Барак Обама побарала јавно извинување. Обама се обидел да ја разубеди да отиде во Вашингтон, но не успеал.

Документите кои на јавноста ѝ ги обелодени поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден, а ги објави новинарот Глен Гринвалд во Гардијан, открија дека таа американска агенција ги надгледувала електронската пошта, телефонските повици и смс пораките меѓу Русеф и нејзините соработници. Бразилската влада ги осудила овие потези и ги оценила како „неприфатливи акти кои го повредиле бразилскиот суверенитет“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата