Дијана Мeгнеј: Моќниот Пригожин во Белорусија не е добар за Украина

Од:

Евгениј Пригожин ќе биде моќна воена фигура во Белорусија во време кога граѓаните се прашуваат дали Кремљ бара луѓе кои ќе го наследат нивниот претседател, јави дописничката на SkyNews од Москва, Дијана Мeгнеј.

Таа тврди дека Владимир Путин благо ја анектираше Белорусија, а Александар Лукашенко, кој неодамна беше многу болен, во суштина е под негова контрола.

„Има уште многу прашања што треба да се постават за тоа што се случи во последните 24 часа, но мислам дека на Украина не и е многу удобно што Пригожин сега ќе биде моќен човек во Белорусија ако Лукашенко му дозволи – или, ајде да кажам вака, ако Путин му го дозволи тоа. Мислам дека не сме го виделе целиот Евгениј Пригожин – тој сега е на многу важно место за Русија“, рече таа.

Но, таа додаде дека Владимир Путин навистина изгледа екстремно слаб откако му дал слободен пас на Вагнер откако јавно ги обвини за предавство.

„Се чини дека сè е пребрзо решено за да биде вистина“, додаде Мeгнеј.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека преговарал за примирје со Пригожин, кого лично го познава 20 години, за што Москва му се заблагодарила.

„Исто така, не мора да верувам дека Лукашенко е стар пријател на Пригожин веќе 20 години, како што беше сугерирано од Белорусија и од Русија“, тврди Мeгнеј.

Би можело да ве интересира

Зеленски и Макрон му објаснувале на Трамп дека Путин не е истиот од 2017

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во руски воздушен напад на Запорожје најмаку шест мртви

ВИДЕО: Украинците имаат брутална стратегија, уништуваат свој град за да го спасат

Трамп: Зеленски сака крај на лудилото и преговори со Русија

Замрзнување на конфликтот е неприфатливо за Русија

ВИДЕО: Кадиров излезе од „Бредли“; „Ќе ти дадам пиштол, можеш сам да пукаш во себе“