Ди Мајо: Турската офанзива на Курдите во Сирија е неприфатлива

Од:

Офанзивата на Турција против курдските сили во Сирија е „неприфатлива“, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо, повикувајќи на итен прекин на борбите.

– Како влада, сметаме дека турската офанзива е неприфатлива. Ние ја осудуваме… затоа што воената акција во минатото секогаш предизвикувала посилен тероризам, рече Ди Мајо на маргините на конференција во Рим.

Лидерот на Движењето Пет Ѕвезди повика на итен прекин на оваа офанзива, за која рече дека е апсолутно неприфатлива, бидејќи употребата на сила продолжува да ги загрозува животите на сириските граѓани кои веќе ја доживеале трагедијата во претходните години.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години