Жанет Буграб, девојка на починатиот уредник на весникот „Шарли Ебдо“, Стефан Шарбоние раскажа дека знаеле дека тој ќе загине исто како и Тео Ван Гог, познатиот холандски карикатурист, кој беше убиен во 2004 година.
-Го молев да ја напушти Франција, но не сакаше. Мојот партнер е мртов затоа што црташе во весниците. Никогаш не сакаше деца, бидејќи знаеше дека ќе умре. Живееше без страв, но знаеше дека ќе го загуби животот-изјави таа.
Инаку Жанет е влијателна француска политичарка и поранешна министерка, а Шарб со неа и нејзината посвоена ќерка Маја живеел заедно последниве три години.
-Загина гордо, бранејќи го духот на Волтер. Мислеше дека животот е мала работа, додека ги бранеше своите идеали. Знате ли денес таков човек? Не, затоа што починаа, бидејќи се убиени-заклучи таа.
Во тек на својот говор таа изјави дека сите убиени карикатуристи треба да бидат погребани покрај Волтер и Жан Жак Русо, каде што почиваат и најголемите француски херои.
Е. Г.