Девет Палестинци починаа од глад во последните 24 часа

Од:

Најмалку девет Палестинци починаа од глад во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи од глад во Газа од октомври 2023 година се искачи на 122, соопшти Министерството за здравство на Газа.

„Од деветте лица што починаа, две беа деца“, се вели во соопштението, објави Си-Ен-Ен.

Во него се забележува дека вкупно 83 деца починале од глад и неухранетост откако Израел ја започна блокадата на испораката на хуманитарна помош.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека многу од неговите 350 вработени во Газа се борат да најдат доволно храна и чиста вода поради кризата во испораката на помош во енклавата. МКЦК ја опиша ситуацијата како „ужасна“.

„Луѓето се убиваат додека се обидуваат да добијат храна. Деца умираат затоа што немаат доволно за јадење. Семејствата се принудени да бегаат одново и одново во потрага по безбедност што не постои“, се вели во соопштението.

МКЦК повика на „брза, непречена и непристрасна испорака на хуманитарна помош низ цела Газа“ и ослободување на сите преостанати заложници.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци на контролните пунктови: Само 10.000 верници добија дозвола да влезат во Ал-Акса

„Гардијан“: Трамп планира да изгради воена база за 5.000 војници во Газа

Израелските одбранбени сили тврдат дека е уништен командниот центар на Хамас што се користеше за напади врз Израел

Хамас: Не го предаваме оружјето и не прифаќаме странска власт на палестинска територија

Смрт и разурнување во Газа: Девет жртви, вклучително и деца

Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест