Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Од:

Девет деца загинаа во источен Авганистан од стара нагазна мина со која си играле.

Портпаролот на талибанците Хамидула Нисар изјави дека мината, која децата ја пронашле во близина на нивното село во провинцијата Газни, е стара неколку децении и дека експлодирала додека си играле со неа.

Тој додаде дека се убиени пет момчиња и четири девојчиња на возраст меѓу пет и 10 години.

Ваквите инциденти се вообичаени во Авганистан бидејќи има многу мини и оружје останати од војните, на кои децата наидуваат кога собираат старо железо, кое го користат за издржување на своите семејства.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

A1on