Десничарскиот блок во Израел ќе има мнозинство во новиот Кнесет

Од:

Блокот од десничарки и религиозни партии во Израел на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе има мнозинство од еден пратеник во новиот парламент, пренесе ДПА, повикувајќи се на националното радио.

Според конечните резултати, последните преброени гласачки ливчиња, што биле пуштени од војниците, дипломатите и затворениците, на ултранационалистичката партија „Еврејски дом“ им обезбедија едно дополнително место во 120-члениот Кнесет.

Според претходните вчерашни податоци, десниот блок на Нетанјаху имаше 60 или точно половина од пратеничките места. Останатите 60 мандати беа поделени меѓу левичарските и центристичките партии.

Предвидено е Ценстрална изборна комисија официјалните резултати да ги соопшти денеска попладне. Ако тие потврдат дека блокот на Нетанјаху има мнозинство во новиот парламент, макар и кревко, тоа ќе му овозможи на израелскиот премиер да формира влада со посакуваните политички сојузници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски