Припадниците на десничарската организација „Англиска одбранбена лига“ (ЕДЛ),на својот синоќешен протестен марш низ улиците на Лондон, јавно го навредуваа британскиот премиер Дејвид Камерон. Тие го нарекуваа премиерот „кукавица“ затоа што замина на кус одмор, со семејството во Шпанија, по нападот во лондонскиот кварт Вулич, во кој брутално,на улица, беше убиен британскиот војник Ли Ригби.
Маршот на припадниците и прврзениците на ЕДЛ собра над илјада луге,кои поминаа покрај зградата на британскиот Парламент и седиштето на владата во Даунинг стрит 10, за да маршот го завршат со кус митинг на плоштадот Трафалгар.
Првично маршот требаше да се одржи за да „мусе одаде почит на убиниот херој“-војникот Ригби, но минувајки низ најстрогиот центар на британскиот главен град, припадниците и приврзениците на Лигата,го претворија маршот во протест поради убиството на војникот.
Учесниците на маршот извикуваа пароли против муслиманите во Велика Британија, барајќи од нив „да заминат од британските улици и од Британја“. Паралелно со одржувањето на овој марш, против ЕДЛ протестираа околустотина приврзаници на ултралевичарската група „Обединети против фашистите“.
Припадниџите на оваа група,на која им се приклучуваат и некои асоцијации на млади муслимани, редовно ги следат сите маршеви на ЕДЛ низ англиските градови,па меѓу нив не ретко избувнуваат судири.
Голем број полицијаци се најдоа на лондонските улици,следејки го маршот на ЕДЛ, но и надгледувајки ги припадниците на, обично, воинствените припадници на „Обединети против фашистите“. Полицијата не дозволи двете групи да се приближат една до друга,па маршот и контра-протестот поминаа без инциденти.