Десетмина загинати при напад во индиската држава Асам

Од:

Десетмина локални муслимани загинаа денеска при два напади на припадници на бунтовничкиот Национален демократски фронт во североисточната индиска сојузна држава Асам, јави ДПА.

Првиот напад се случил по полноќ кога бунтовниците извршиле напад врз едно село во округот Кограџахар, при што биле убиени седум лица, меѓу кои и две деца и четири жени.

Уште три лица биле убиени три часа подоцна при напад на припадници на истата бунтовничка група во округот Бакса. Во овој напад се повредени уште четири лица, кои се пренесени во болница.

Според полицијата, нападите не се етнички или верски мотивирани.

Во североисточниот дел на Индија, кој се граничи со Кина, Мјанмар и Бангладеш, има пет сојузни држави во кои дејствуваат околу 40 сепаратистички и бунтовнички движења.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати