Авиони на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија погодија автобус што превезувал работници кон фабрика во југозападниот јеменски град Таиз.
Десет лица биле убиени, изјави лекари цитирани од западни медиуми.
Нападот е извршен како дел од акциите што се водат за контрола над Таиз, трет по големина град во јемен. Арапските држави од Заливот ги поддржуваат локалните исламмистички милиции против хутите кои се поддржани од Иран.