Десетмина уапсени во антитерорстички акции во Франција и Швајцарија

Од:

Во антитерористички операции во Франција и Швајцарија денеска се уапсени 10 лица осомничени дека користеле шифрирани социјални мрежи за да подготвуваат масовни напади, соопштија француските власти.

Осомничените разменувале „загрижувачки пораки“ на шифрираната апликација за праќање пораки Телеграм, навeдуваат извори блиски до истрагата, додавајќи дека истражувачите настојуваат да „утврдат што планирале“.

Во едно париско предградие и во југоисточна Франција се уште се во тек рации.

Припадници на антерористичка единица уапсиле девет лица во Франција и едно во Швајцарија, во операции спроведени со цел да се разјаснат детали за планот.

Швајцарското обвинителство соопшти дека уапсило едно осомничено лице во истрага за тероризмам, наведувајќи дека истрагата се заснова на сомнежи за кршење законите со кои се забрануваат Ал Каеда и Исламската држава и организации кои соработуваат со нив.

Весникот „Паризјен“ наведува дека полицијата дејствува во рамките на прелиминарна истрага, покрената во мај од антитерористичкиот сектор на париското Обвинителство поради „здружување со цел извршување на терористички акции“.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар