Десетици лица повредени во судирите во Каиро

Од:

Стотици противници и симпатизери на Муслимански браќа фрлаа едни кон други со камења во близина на седиштето на таа исламистичка групација во Каиро, при што се повредени десетици лица.

На снимките на Ал Џазира и египетската државна телевизија се гледаат демонстранти со знамиња и транспаретни, како ги полнат улиците, околу седиштето на Муслимански браќа, кое го чуваат специјални полициски сили, јави Танјуг.

Симпатизерите на оваа исламистичка група, чиј лидер е египетскиот претседател Мохамед Морси, во четвртокот ветија дека ќе го одбранат штабот на таа организација од опозициските сили.

Египетсткото Министерство за внатрешни работи апелираше до „револуционерните и политичките сили“ да останат мирни за време на протестите на симпатизерите на опозицијата, појаснувајќи дека специјалните единици на полицијата се испратени „заради заштита на јавниот и приватниот имот“.

Демонстрантите, противници на Муслимански браќа, во текот на оваа недела се судрија со полицијата пред седиштето на органзацијата, во продолжението на бранот немири, кои го потресуваат Египет уште од бунтот против власта на Хосни Мубарак во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина