Десетици илјади протестираат во Хонг Конг против екстрадицијата на осомничени на Кина

Од:

Десетици илјадници луѓе протестираат денеска на улиците на Хонг Конг, што е најголем протест во последните петнаесет години, а со цел да се спречи усвојувањето на законот за екстрадиција, според кој на осомничени лица може да им се суди во Кина.

Полициски началници повикаа на воздржаност, пренесува Хина. Повеќе од две илјади полицајци се ангажирани за протестот, на кој организаторите очекуваат да присуствуваат повеќе од 500.000 луѓе.

Тоа би бил најголемиот протест од 2003 година, кога сличен број луѓе протестираа против плановите на кинеската влада за усвојување на поостри закони за национална безбедност, кои на крајот не беа донесени.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио