Десет загинати во напад на Центар за рехабилитација од зависности во Мексико

Од:

Најмалку десет лица загинаа кога вооружени лица отвориле оган во Центар за рехабилитација од зависности во мексиканскиот град Ираупато, соопшти денеска владата на државата Гуанахуато.

Според првичните резултати од истрагата, во нападот учествувале тројца неидентификувани напаѓачи.

Полицијата го испитува и убиството на тројца мажи во одвоен вооружен напад во градот Селаја, југоисточно од Ирапуато, пренесуваат британските медиуми.

И покрај мерките на ограничување, воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, убиствата во овој дел од земјата продолжија да бележат рекордно ниво.

Оваа област, во централниот дел на Мексико, стана еден од епицентрите на насилството во земјата, што претседателот Мануел Лопез Обрадор вети дека ќе го задуши.

Центрите за рехабилитација веќе беа цел на напади на криминални групи кои се борат за доминација во трговијата со дрога. Во септември 2017 година, најмалку 14 лица загинаа, а неколкумина беа повредени, во напад на припадници на банда врз Центар за рехабилитација од зависности во градот Чивава, во државата со истото име, во северно Мексико.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел