Египетскиот суд денеска во отсуство осуди 10 приврзаници на забранетото движење „Муслимански браќа“ на смрт, но го одложи изрекувањето на пресудата на лидерот и останатите истакнати членови.
Лицата на кои денеска им е изречена пресуда осудени се за повеќе кривични дела, вклучувајќи поттикнување насилство и блокирање на главниот автопат северно од Каиро за време на протестите, по што војската на 3 јули минатата година го смени исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Се претпоставува дека сите 10-мина осудени се кријат. Еден од нив е Абдул Рахман Ал Бар, член на Извршниот одбор на „Муслимански браќа“.
Судијата Хасан Фарид рече дека пресудите на останатите обвинети во овој случај ќе бидат изречени на 5 јули.