Десет луѓе се повредени во денешната експлозија што се случи во автобус во Тел Авив. Тројца од повредените се во тешка здравствена состојба, соопштија лекарски извори.
Полицијата соопшти дека се уште не се познати детали за инцидентот. Портпаролот на изралескиот премиер истакна дека се работи за терористички акт.
Автобусот експлодирал на една од главните улици во Тел Авив. Очевидци тврдат дека возилото е целосно опожарено. Инцидентот се случи на осмиот ден од израелската офанзива врз Појасот Газа.