По уништувањето на браната Нова Каховка, потврдена е смртта на 10 лица. Министерот за внатрешни работи на Украина изјави дека 42 лица се водат како исчезнати, меѓу кои седум деца.
Нивото на водата падна на нешто повеќе од три метри, соопштија од регионалната администрација во Херсон. Приближно 3.800 домови се уште се поплавени на окупираната територија.