Десет мигранти се удавија во близина на Лампедуза, меѓу кои три жени и едно бебе

Од:

Десет мигранти, меѓу кои едно бебе и три жени, ги загубија животите обидувајќи се да преминат од Тунис во Италија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража, кои успеале да спасат 42 лица.

Преживеаните тврдат дека четиримесечното бебе се лизнало од прегратките на уморната мајка и паднало во морето пред акцијата за спасување. Еден маж скокнал во морето за да го извлече детето, но се удавил. Двете тела се уште не се пронајдени.

Италија повторно се соочува со прилив на мигранти од Северна Африка. Во Италија преку Средоземното Море годинава пристигнале околу 5.000 мигранти, наспроти 3.035 лани и 1.039 мигранти во 2021 година, покажуваат податоците на МВР.

Според ОН, минатата година 1.400 мигранти ги загубиле животите обидувајќи се да го преминат Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски