Десет лица убиени во Египет во два одделни напади

Од:

Десет лица беа убиени во Египет во бомбашки напад врз штаб на силите за безбедност и заседа на војници. Во нападот со автомобил бомба врз штаб во градот Ал Тор во Јужен Синај биле убиени пет лица.

Тоа беше извршено за време на средба на високи претставници. Најмалку 50 лица се повредени. Во експлозијата се нанесени тешки штети врз зградата на штабот и на канцелариите во соседството на гувернерот на провинцијата.

Се смета дека експлозивното средство било откриено во украден полициски автомобил. Во напад западно од Суецкиот канал беа застрелани пет војници, а уште еден е хоспитализиран во тешка состојба.

Засега не е преземена одговорност за ниту еден од двата напади. Исламистичките екстремисти во Египет ги засилија нападите врз државни објекти, отако армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси на 3 јули.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро