Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

Од:

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен, соопштија денеска официјални лица од јеменската провинција Хадрамавт.

Затворските чувари во градот Сејџун интервенирале поради групна расправија, но затворениците успеале да ги совладаат, им го украле оружјето и ги врзале, по што избегале.

Истрагата покажала дека затворениците планирале бегство и дека во тоа биле вклучени и неколку чувари.

На социјалните мрежи е објавена потерница за бегалците.

Јеменскиот огранок на Ал Каеда се смета за еден од најопасните во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки