Повеќе од 35.000 луѓе, меѓу кои мноштво италијански потомци, музичари, ученици, артисти, пожарникари, полицајци и гардисти од Националната гарда, во Њујорк учествуваа на традиционалната парада по повод Денот на Кристофер Колумбо.
Учесниците во парадата носеа италијански знамиња. Меѓу нив беа градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, началникот на полициската управа на Големото јаболко, Рејмонд Кели, и гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, кој има италијанско потекло.
Парадата се одвиваше по Петтата авенија. Таа традиционално се организира во вториот понеделник на октомври, во спомен на стапнувањето на Колумбо на островот Сан Салвадор, во Карипско Море, на 12 октомври 1492 година. Настанот се организира секоја година, од 1944 година до денеска.