Денга грозница во Португалија

Од:

Потврдени се два случаи на денга грозница во Мадеира, а за уште 22 лица се сомнева дека се заразени со вирусот на болеста која ја пренесуваат комарците, соопштија португалските власти.

Сите случаи се утврдени меѓу локалните жители кои подолго време не го напуштиле архипелагот Мадеира, известува француската новинска агенција АФП.

Здравствените власти го предупредуваат локалното население да користат средства за заштита од комарци.

Според податоците на СЗО, во повеќе од 100 земји во светот секоја година се регистрирани од 50 до 100 милиони случаи на грозницата денга, од кои кај пола милион болеста се јавува во потежок облик.

Денга грозницата во 1970-та година имаше ендемски карактер во само девет земји во светот.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија