Денеска сончево и многу топло

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Особено топло ќе биде во деновите од викендов и понеделник кога дневната температура секаде ќе биде над 33 степени.

Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Би можело да ве интересира

Голема топлотна купола доаѓа над Европа, топло и на Балканот

Катерина Ѓуровски

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија