Луѓето ширум светот денеска го одбележуваат Меѓународниот ден Нелсон Мандела, посветен на борецот против апартхејд, добитник на Нобеловата награда за мир и првиот црн претседател на Јужна Африка, на денот кога би го славел 96-от роденден.
Милиони луѓе изминативе пет години, на 18-ти јули волонтираа 67 минути, за да ја одбележат борбата на Мандела за слобода на Јужна Африка, која траеше 67 години.
Мандела почина на 5-ти декември минатата година на 95-годишна возраст, по долго боледување.
-Неговото сочувство по 27 години поминати во затвор, покажа дека човековите права и рамноправноста се посилни од дискриминацијата и омразата-изјави генералниот сектеретар на ОН, Бан Ки Мун.
Е. Г.