Денеска се избира добитникот на Нобеловата награда за мир 2013

Од:

Денеска на церемонијата во Осло, ќе биде прогласен лауреатот за годинешнава Нобелова награда, за која се предложени рекордни 259 кандидати, меѓу кои и 50 организации.

Според пишувањето на „Асошиејтед прес“, шпекулациите за главните фаворити за престижната награда во основа се засноваат на претходните избори на Нобеловиот комитет, како и врз актуелните случувања.

Главен фаворит за Нобеловата награда за мир 2013 година е шеснаесет годишната пакистанка Малала Јусафзаи, која што минатата година беше повредена од талибанците, бидејќи го застапува правото на жените за нивно образование.

Таа во јули одржа говор пред ОН, нагласувајќи дека нема да се покори пред терористите кои што сакаат да ја замолчат.

Европскиот парламент вчера и ја додели наградата Андреј Сахаров, која им припаѓа на борците за човекови права.

-За мене Малала Јусуфзаи е на првото место- изјави за „Ројтерс“, директорот на Институтот за истражување на мирот ПРИО во Осло, Кристијан Берг Харпвикен.

Нобеловата награда за мир минатата година ја освои Европската унија. Наградата на ЕУ многумина ја доведоа во прашање, наведе тој , додавајќи дека главен хендикеп на Малала би можеле да бидат нејзините години.

Досегашна најмлада добитничка на престижната награда е Тавакол Карман, активистката за човекови права од Јемен, која што признанието го освои на 32-годишна возраст.

На многумина тогаш не им се допадна што Нобеловата награда и припадна на млада жена. Малала и покрај тоа што сега живее во Лондон, се уште е изложена на закани од Талибанците.

Покрај неа како кандидати се споменуваат хирургот од Конго, Денис Муквеге, познат по своите залагања за правата на жените, руски активисти, експертката за компјутери Меги Гобран, која што ја отфрли академската кариера и стана калуѓерка во коптска црква.

Наградата која што го носи името на шведскиот индустријалец и иноватор на динамитот, Алфред Нобел е во вредност од осум милиони шведски куни (1,20 милиони долари).

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска