Денеска ќе биде познат новиот состав на ЕК

Од:

Новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер се очекува денеска да го претстави новиот состав на Комисијата.

Според првичниот план за распределување ресорите во ЕК бугарскиот еврокомесар Кристалина Георгиева ќе биде задолжена за даночната политика и борбата против измами, јави БТА.

Две од најважните функции ќе добијат претставници на Германија и Белгија, Гинтер Етингер ќе биде задолжен за трговијата, а Мариане Тисен за конкурентноспособност и антомонополското законодавство.

Портпаролот на ЕК, Мина Андреева вчера изјави дека разговорите за распредлеувањето на ресорите продолжуваат и оти конечниот избор се уште не е направен.

Единствен член на Комисијата, чиј ресор е веќе познат е Федерика Могерини, која минатата недела беше избрана од европските лидери да ја раководи надворешната политика.

Откако денеска ќе биде објавен новиот состав на ЕК претстои номининарите еврокомесари да бидат сослушани од Европскиот парламент, кој треба да гласа за новиот состав на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска