Денеска ќе биде погребана поранешната британска премиерка Тачер

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ќе ја претставува Република Македонија на церемонијалниот погреб на поранешниот премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер.

На погребната церемонија во Лондон се очекува присуство на поранешни и актуелни светски лидери, поканети се американските претседатели, ќе присуствува Британската Кралица Елизабета II (првпат по погребот на премиерот Винстон Черчил во 1965 гoдина), неколку светски политички величини од периодот на Студената војна –  Михаил Горбачов, Хелмут Кол, како и Ненси Реган, сопруга на поранешниот починат американски претседател Роналд Реган, поранешните британски премиери Тони Блер, Гордон Браун и Џон Мејџор, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, лидерот на опозицијата Ед Милибанд, канадскиот премиер Стивен Харпер, претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо и многу други видни светски јавни личности.

Предвидено е погребната процесија да започне да се движи од Вестминстер, да помине преку Даунинг Стрит, црквата Свети Климент до Катедралата Свети Павле, каде во 11 часот е предвидено да започне централната погребна служба.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот