Ден на жалост во Русија

Од:

Во Русија е прогласен Ден на жалост поради жртвите во поплавите предизвикани од поројните дождови што го погодија јужниот регион Краснодарск во Русија во кои загинаа 171 лице.

Од тие, 159 се од градот Кримск и околината, а 12 се летувалиштето Геленџик и соседното пристаниште Новоросијск.

Од стихијата погодени се 4.000 куќи и 12.000 лица, во регионот со население од 60.000 лица.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера го посети регионот, вети финансиска помош за семејствата на жртвите и разурнатите куќи. За секое семејство каде има загинат ќе се исплаќа по два милиони рубљи (околу 50.000 евра).

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот