Демпси: САД се подготвени за заканите од Северна Кореја

Од:

Началникот на американскиот Генералштаб, генерал Мартин Демпси денеска во Јапонија изјави дека неговите сили се подготвени да реагираат доколку Северна Кореја своите вербални закани ги претвори во акција.

-Ние настојуваме Северна Кореја да ја одвратиме од провоцирањата, им кажа Демпси на војниците во воздухопловната база Јокота, на околу еден час возење од Токио.

„Можам да ве уверам дека сме подготвени со нашите сојузници Јапонците за да ги заштитиме нашите и нивните граѓани, нашите и нивните инсталации“, рече генералот.

Демпси зборуваше по посетата на Јужна Кореја и Кина, главниот сојузник на Северна Кореја, додека напнатоста во регионот не попушта заради стравувањата по неодамнешните закани на Пјонгјанг дека ќе го нападне јужниот сосед и дека ќе почне нуклеарна војна против САД.

Началникот на американскиот Генералштаб, кој во Пекинг разговараше со претседателот Сји Џинпинг, кажа дека САД сакаат поблиски врски со Пекинг. Меѓутоа, тој ги повтори претходните официјални изјави дека САД ќе ја бранат Јапонија доколку биде нападната, бидејќи Пекинг и Токио и натамусе наоѓаат во состојба на зголемена напнатост заради територијалните спорови околу островите во Источно Кинеско Море.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа