Демонстранти во Каиро бараа враќање на армијата на власт во земјата

Од:

Неколку стотици Египќани вчера се собраа во Каиро на демонстрации за поддршка на враќањето на армијата на власт во земјата, која две години по соборувањето на Хосни Мубарак не може да излезе од хаотичниот политички преод, одбележен со насилство, пренесоа француските медиуми.

Настанот се оддржа во источниот дел на египетската престолнина на повик на група воени офицери во оставка и на противници на движењето „Муслиманско братство“, чиј претставник е претседателот Мухамед Морси. ж

Учесниците во протестот скандираа пароли со кои ја повикуваа армијата да не ги остава, и носеа портрети на министерот за одбрана генерал Абдел Фатах ас Сиси. Други викаа „Армијата треба да дојде“ (на власт) или „Долу водачот“, имајќи го предвид врховниот лидер на „”Муслиманско бртатство“, Мухамед Бади.

Демонстрации за поддршка на армијата имаше и во Дамиет, во северен Египет, соопшти електронскиот сајт на весникот „Ал Ахрам“.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет