Демонстранти го нападнаа седиштето на „Муслиманско братство“ во Каиро

Од:

Египетски демонстранти денеска го нападнаа седиштето на движењето Муслиманско братство во Каиро, еден ден по крвавите судири меѓу приврзаници и противници на претседателот Мохамед Морси. 


Демонстрантите влегле во шесткатната зграда во источниот кварт Мокатам. Некои од нив фрлале предмети преку прозорците, а други го изнесувале мебелот. Според очевидци, во зградата не се наоѓале членови на движењето, бидејќи биле претходно евакуирани. Еден од демонстрантите ја извадил таблата на Муслиманското братство од зградата.


Синоќа избувнаа судири меѓу вооружени поддржувачи на Морси, кои се наоѓаа во зградата на движењето, и млади демонстранти кои фрлаа со камења и „молотови коктели“ кон седиштето. Според активисти, најмалку петмина демонстранти загинале во немирите.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет