Демократски конгресмени бараат објавување на целиот извештај на Малер

Од:

Законодавниот комитет на Претставничкиот дом на САД, во кој доминираат демократите, денеска побараа од Министерството за правда најдоцна до 1 мај да го објави интегралниот текст на извештајот за истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното руско мешање во американските избори во 2016 година.

Претседателот на Комитетот, демократскиот конгресмен Џери Надлер најави дека ќе побара да му бидат дадени на увид и најважните документи врз основа на кои е изработен извештајот.

Надлер изјави дека е подготвен на договор со Министерството за правда за пристап до документите, но нагласи дека нема да прифати ситуација во која Конгресот „би бил држен во мрак“.

Според Надлер, извештајот укажува на „сериозни случаи на прекршоци“ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Сега останува на Конгресот да го утврди целосниот опсег на наводното несоодветно однесување (на Трамп) и да одлучи кои чекори треба да ги преземеме, оцени Надлер.

Американскиот секретар за правда и државен јавен обвинител, Вилијам Бар вчера го претстави делумно преработениот извештај на Малер за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, при што истакна дека истрагата утврдила оти Русија се мешала во изборниот процес, но дека нема индиции оти членови на изборниот штабот на Трамп соработувале со Москва.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето