Демократите настојуваат да влијаат врз политичката платформа на Бајден

Од:

Водечките кругови на прогресивното и центристичко крило на Демократската партија во САД настојуваат да извршат влијание врз Џо Бајден да ја прифати нивната политичка платформа.

Во тек е силно лобирање на двете струи меѓу демократите, со цел Бајден да биде убеден да постави нивни луѓе на клучните места во својата идна администрација.

Лево ориентираното крило на демократите објави листа на кандидати за идната администрација на Бајден од 400 прогресивни политички експерти, залагајќи се во новата американска влада да не се најдат луѓе поврзани со крупни корпоративни интереси.

Од друга страна, центристичкото крило на Демократската партија ги обвинува своите лево ориентирани партиски колеги дека се премногу на страна на левицата и се одговорни за лошите резултати на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот на Конгресот.

Аналитичарите оценуваат дека овој судир меѓу двете струи во Демократската партија создава тензии, наместо победничка атмосфера.

За време на предизборната кампања, Џо Бајден вети дека ќе продолжи да ги негува етичките принципи, кои ги воведе администрацијата на претседателот Барак Обама, во која тој беше потпретседател.

Бајден истакна дека ќе го држи под контрола влијанието на лобистите и крупниот капитал во својата влада, што е спротивно на добрите односи кои администрацијата на Трамп ги негувала со влијателните бизнис кругови во САД.

– Бајден ќе најде начин да ги зближи двете струи во Демократската партија, да ги смири тензиите и успешно да го преземе кормилото на државата. Секој има своја улога, а улогата на претседателот е да носи одлуки, нагласи поранешниот демократски градоначалник на Њу Орлеанс, Мич Ландрие.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти