Делови од Шпанија повторно се затвораат и се воведува полициски час

Од:

По ненадејното и големо зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19, некои шпански региони постепено се затвораат.

Повторно нема да работат затворените дискотеки, се ограничува работното време на продавниците, како и бројот на клиенти и се воведува полициски час.

Каталонија, епицентарот на петтиот бран на пандемијата, се подготвува да побара од регионалното судство зелено светло за воведување полициски час во најпогодените градови, вклучително и Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Затворените дискотеки нема да работат најмалку 15 дена, додека негативен антиген или ПЦР тест е неопходен за да присуствувате на настани на отворено каде што се собираат повеќе од 500 луѓе.

Други региони презедоа или подготвуваат слични мерки. Валенсија повторно воведе полициски час од 1 до 6 часот наутро и го ограничи бројот на 10 луѓе при собири во 32 места со повеќе од 5.000 жители.

Владата на Канарските острови исто така сакаше да преземе слични мерки, а беше спречена од локалното судство.

Многу позаразната делта-варијанта предизвика експоненцијално зголемување на случаите во последните неколку недели, претежно кај младите луѓе.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени