Делегација на МАНУ во Берлин на конференција за 100-годишнината од Првата светска војна

Од:

Делегација на Македонска академија на науките и уметностите, од утре до 2 ноември во Берлин ќе учествува на конференција по повод 100-годишнината од Првата светска војна.

Конференцијата е во заедничка организација на МАНУ и Научното друштво од Берлин „Лајбниц“, кои се домаќини на собирот.

Во македонската делегација се претседателот на МАНУ Владо Камбовски, секретарот на Одделението за уметности на МАНУ Луан Старова, професорот во Институтот за национална историја Марјан Димитријевски, професорот на Филозофскиот факултет во Скопје Далибор Јовановски и советникот за меѓународна соработка во МАНУ Гоце Алексоски.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи