Властите во Техеран денеска примија делегација на талибанците од Авганистан, радикална сунитска група, која долго време беше непријател на иранските шиитски верски лидери.
Иранските медиуми јавија дека талибанците разговарале со претставници на иранската разузнавачка служба.
Во Техеран пристигнале претставници на талибанската политичка канцеларија во Катар. Канцеларијата е неодамна отворена како место каде претставници на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи можат да преговараат со талибанците за мирно решавање на судирите.
Се уште не е познато дали Иран е заинтересиран да ја преземе улогата на регионален посредник меѓуталибанците и Владата на Карзаи.