Дел од западниот печат за одлуката на САД да затвори дипломатски претставништва заради терористички закани

Од:

Западни весници денеска објавуваат коментари и анализи по одлуката на САД да затвори во голем број држави на Блискиот исток, Северна Африка и Азија свои дипломатски претставништва за неколку дена заради закани од терористички напад.

Весникот Вашингтон пост објавува дека станува збор за најсериозна закана досега и додава дека до 10 август нема да бидат отворени дипломатските претставништва на САД во Авганистан, Алжир, Бахреин, Бангладеш, Џибути, Египет, Израел, Ирак, Јордан, Кувајт, Либија, Мавританија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Судан, Јемен и Обединети Арапски Емирати.

Претставништвата во Дака. Алжир, Нуакшот, Кабул, Херат, Багдад, Басра, Ербил и Мазар ел Шариф, беа затворени вчера, но добиле дозвола денеска да продолжат со работа, објавува весникот.

Затворањето на американските претставништва е по соопштение дека разузнавачки агенции дошле до е-маил пораки во кои се објаснува за напади во следните денови, но од нив не е јасно местото на нападите, објави Њујорк тајмс.

Станува збор за најспецифична закана од Ал Каеда од 11 септември 2001 година досега, наведува Индипендент.

Гардијан анализира дека заканите се во време кога САД се предмет на напади заради објавувањето за тајни програми за електронска шпионажа од страна на поранешниот консултант на американското разузнавање Едвард Сноуден.

Предупредувањата и затворањето на амбасади на САд покажува дека војната против тероризмот се уште не завршила, објавува Дејли телеграф.

Весникот Фигаро го цитира Мајкл Макол, претседател на комисијата за внатрешна безбедност во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес според кој станува збор за една од најсериозните закани по 11 септември 2001 година и се однесува за напади во блиска динина.

Весникот Кориере дела сера ја цитира американската телевизија Си-Би-Ес кои повикувајќи се на извори во американските сили за безбедност, тврдат дека одред на Ал каеда пристигнал во една држава и се подготвени да извршат напади. Не се прецизира за која држава станува збор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен