Дел од Украинците полесно до чешка виза

Од:

Чешка од денеска ги поедноставува условите за добивање краткорочни визи за одредена група Украинци, јави дописникот на МИА од Прага.

Според новите одредби, сите апликанти кои имаат чешко потекло, помлади од 26 години и пензионери над 60 години, веќе не треба да плаќаат надомест за обработка на визата.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Јохана Грохов информира дека Украинците со чешки корени имаат и други олеснувања во врска со визниот режим.

– Ако кандидатите со чешко потекло приложат потврда за членство во иселеничката заедница или доказ за чешкото потекло, имаат можност да добијат повеќекратна виза со важност до една година, додаде Грохова.

Според Грохова, овие мерки се дел од помошта за Украина, за која чешката Влада во март одобри 50 милиони круни (две милиони евра), а немаат директна врска со неодамнешните барања на Волињските Чеси  во Украина, кои побараа помош од Чешка поради проблематичната ситуација во постсоветската република.

Владата на премиерот Бохуслав Соботка во врска со тоа изјави дека за помош на чешките сонародници во Украина не гледа безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми