Иран користи дел од своите резереви на високо збогатен ураниум за производство на нуклеарно гориво, соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Рамин Мехманпараст.
Во изјавата што ја пренесоа иранските државни медиуми се наведува: „Ова производство се одвива нормално, за што комплетните извештаи се испратени до Меѓународната агенција за атомска енергија“, пренесоа британските медиуми.
Портпаролот на министерството, со ова одговори на наводите на светските медиуми дека Иран користи дел од своите резерви на збогатен ураниум до 20 отсто за производство на гориво за потребите на истражувачкиот нуклеарен реактор во Техеран.