Дел од авионот на Пригожин е пронајден на два километри од местото на несреќата

Од:

Еден од фрагментите на авионот што се урна во регионот Твер, со кој управувал Евгениј Пригожин, се наоѓа на влезот во селото Куженкино, кое е на околу два километри од местото на несреќата, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Полицијата го опколи местото каде што се наоѓаат остатоците, а до него биле паркирани неколку автомобили на тајната служба, јави синоќа дописникот на РИА Новости. Полицијата ги запира автомобилите и ги испрашува возачите.

Руското Министерство за вонредни ситуации синоќа извести за пад на приватен авион Embraer Legacy во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот. Сите загинаа.

Според списокот на патници што го објави руската Федерална агенција за воздушен транспорт, во авионот се наоѓал и шефот на Вагнер групацијата, Евгениј Пригожин. Урнатиот авион и припаѓал на компанијата МНТ-Аеро ДОО, која е специјализирана за деловен транспорт.

Портпаролот на итната служба за РИА Новости изјави дека на местото на несреќата се пронајдени телата на осум лица.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Пригожин можеби е убиен

Пригожин ќе биде погребан во Санкт Петербург, Путин нема да присуствува на погребот

Не се знае кога и каде ќе биде погребан Пригожин

ВИДЕО: Пронајден вториот дел од авионот на Пригожин, се распаднал во воздух

(ВИДЕО) Снимка од внатрешноста на авионот на Пригожин: Бил на продажба, купувачите го гледале на денот на несреќата

Британија: ФСБ стои зад падот на авионот на Пригожин