Дејвид Лидингтон: Нема место за паника од бран Бугари и Романци во Велика Британија

Од:

Министерот за Европа во британската влада, Дејвид Лидингтон изјави денеска дека „нема основа за паника“ околу можниот наплив на бугарски и романски имигранти во Велика Британија,по завршувањето на миграционите рестрикции за државјаните од Бугарија и Романија.

Во разговор за „Дејли телеграф“,Лидингтон рече дека Форин Офисот и владата нема да првата дополнителни истражувања  за тоа колку имигранти од овие две балкански земји се очекуваат по 1 јануари 2014 година,кога рестрикциите ќе престанат да важат,ниту пак ке се прави посебна пропагандна кампања за одвракање на Бугарите и Романците,да не доаѓаат во Велика Британија,како што тоа претходно се навестуваше.

Идејата за правање специјални постери или за телевизиска кампања,во стилот-не доаѓајте во Велика Британија затоа што времете е ужасно и затоа што Британците не ве сакаат-не беше никогаш во план,вели британскиот министер за европски прашања.

Според Лидингтон,наместо креирање на антикампања Форин Офисот сака да работи заедно со владите на Бугарија и на Романија околу информирањето на лугето,за тоа што ке ги очекува кога ке дојдат во Велика Британија.Тоа не значи дека ние во Лондон,само седиме и чекаме лугето од тие земји да почне да доаѓаат,но тие треба да знаат дека може да доаѓаат овде и низ ЕУ ако имаат работа,рече за лондонскиот весник,министерот за Европа Дејвид Лидингтон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот