Дејвид Камерон: Состојбата во Сирија е во пат позиција

Од:

Состојбата во Сирија се наоѓа во „пат“ позиција, иако може да се рече дека Владата на Башар ал Асад е посилна во изминатите месеци, изјави во Лондон британскиот премиер Дејвид Камерон.

Тој, меѓутоа, е убеден дека и покрај ваквиот развој на настаните во оваа земја, каде повеќе од две години се води граѓанска војна, „меѓународната заедница мора да продолжи со работа за изнаоѓање решение“.

Камерон признава дека има „премногу екстремизам“ во редовите на сириската опозиција, но смета дека „умерените групи во нејзините редови се уште заслужуваат поддршка“.

Сириските владини трупи презедоа иницијатива во изминатите месеци на низа фронтови и успеаја да го повратат под своја контрола стратешки важниот град Кусаир на границата кон Либан, како и поголемиот дел од градот Хомс, за што британските медиуми, заслугата им ја препишуваат не само на сириските владини трупи, туку и на воената помош од борците на Хезболах.

Камерон и натаму смета дека Асад е „зол човек“, обвинувајки го за „сето она лошо што му го направи на сопствениот народ“, но првпат досега признава дека неговата позиција е зајакната.

Тоа според британскиот премиер Дејвид Камерон не значи дека на Сирија повеќе не и е потребна (британската) порддшка, туку дека и е потребна помош од надвор за да се претвори во „демократска, слободна и плуралистичка држава“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот