Дејвид Камерон оддаде почит на жртвите во Амритсар

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон е прв шеф на британската Влада кој оддаде почит на жртвите во Амритсар, каде е извршен најкрвавиот масакр во историјата на некогашната колонијална сила.

Камерон на крајот на тридневната посета на Индија го посети Амритсар во државата Пенџаб.

Британските војници на 13 април 1919 година за време на јавен собир во Амритсар убија неколку стотици лица.

Премиерот Камерон го опиша масакрот како „многу срамен настан во британската историја“.

Тој во книгата на жалост напиша дека „никогаш не смее да се заборави што се случило во Амритсар“.

Неколку илјади лица се собраа во Амритсар во 1919 година. Британските колонијални власти забранија јавни собири и генералот испрати војска да ја растера масата. Без никакво предупредување, блокирани се сите излези и војската добила наредба да пука.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот