Дејвид Камерон не го менува министерот за финасии Џорџ Озборн

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави во Лондон дека нема намера да го менува министерот за финансии Џорџ Озборн, поради намалувањето на кредитниот рејтинг на Велика Британија.

– Озборн изврши голема работа во овие многу тешки времиња за економијата, рече Камерон.

Изјавата на британскиот премиер доаѓа по одлуката на најголемата светска агенција за определување кредитен рејтинг „Мудис“, да го намали рејтингот на британската држава од досегашниот ААА на Аа1.

Експерти во финанскиот центар Сити во Лондон сметаат дека решението на „Мудис“ е понижувачки момент за земјата, а пред се за министерот за финансии Озборн и за неговата економска политика.

Озборн претходно тврдеше дека токму тоа што Велика Британија го задржува својот рејтинг е најсилната потврда за исправноста на економската програма на Владата.

Опозиционите лабуристи засега не бараат оставка од министерот Озборн, но го засилија притисокот за промена на економскиот курс на владината коалиција и олабавување на острите мерки за штедење и скратување на буџетското трошење, за сметка на создавањето клима за економски раст.

Британската економија е веќе долго време во стагнација, а на почетокот од оваа година таа одново се соочува со можноста да западне во рецесија, по трет пат од 2008 година.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот