Дејвид Камерон навести парите за меѓународна помош да се префрлат за британската Армија

Од:

 Британскиот премиер Дејвид Камерон ја навести денеска можноста, парите што Велика Британија ги издвојува за меѓунаридна помош за помалку развиените земји во светот, да се префрлат за армиски цели и за финансирање на воените операции на Британците во странство.

Станува збор за неколку стотици милиони фунти кои би помогнале за да се пополнат сегашните празнини, по острото скратување на воениот буџет и парите за финансирање на британските армиски сили. Префрлувањето на дел од средствата од развојните фондови на Министерството за меѓународен развој, во Министерството за одбрана, би можеле да помогнат за „стабилизација“ на операциите на Велика Британија во проблематичните региони и држави од Блискиот Исток, Азија и Африка.

Според премиерот Камерон, безбедноста и одржувањето на мировните операции низ светот претставуваат важен дел од развојот.

Претставници на британските хуманитарни организации се спротивставуваат на ваквиот план на Камерон, сугерирајќи наместо за воени цели, парите од фондовите за меѓународен развој да се префрлат во домашните фондови за образование и за деца.

Лондонските медиуми блиски до Владата, го поздравија ваквото „трансформирање“ на развојните фондови. Според нивното толкување било време да се прекине со давањето пари на земји кои веќе се доволно развиени за да може да и конкурираат и на британската економија. Критичарите на досегашната шема за помагање на земјите во развој најмногу забелешки имаат за помошта што и се дава на Индија, чија економија со кинеската е една од најбрзо растечките во светот.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот