Дејвид Камерон најавува „заштита“ на сити од одлуката на ЕУ за бонусите

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон најави „заштита“ за лондонскиот финансиски центар Сити, по, решението на Брисел за ограничување на банкарските бонуси.

Европската Унија, синоќа, за прв пат донесе решение со кое се определува нивото на бонусите на банкарите. Од јануари 2014 година, бонусите на територијата на ЕУ не смеаат да бидат поголеми од платите во банките.

Велика Британија,претходно,успеа да се спогоди за „попуст“ во ЕУ, на тој начин што им се остава можност на акционерите во банките да гласаат за повиски бонуси, но и тие не смеат да бидат поголеми од двапати, од банкарските плати.

Камерон и покрај таа остапка, настојува да обезбеди поголема заштита за лондонски Сити, иако засега нема навестување како би изгледале тие заштитни мерки само за лондонскиот финансиски центар.

Неговата изјава доаѓа по нескериеното незадоволство во Сити на новата мерка на ЕУ. Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон и еден од евроскептиците во британската конзерватива партија остро го осуди решението на Брисел. Според него тоа е знак за самозалаживање и самопоразување на Европа.

– Ова е секако, најзалажувачката мерка на Брисел од времето на императорот Диоклецијан, кој се обидел да ја определи цената на прехранбените проозводи во целото Римско Царство -изјави градоначалникот Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот