Дејвид Камерон ќе прогласи нови мерки за контрола врз имигрантите

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе претстави нови мерки за контрола врз миграцијата, што имаат за цел да ги обесхрабрат имигрантите од Романија и Бугарија да се преместат да живеат во Велика Британија, откако на почетокот на следната година ќе се повлечат ограничувањата за патување и работа во земјата, пренесоа британските медиуми.

Камерон предвидува ограничување на пристапот до Националната здравствена служба на Велика Британија, а новите имигранти ќе треба да чекаат пет години пред да имаат право на социјален стан.

Казните за работодавачите, кои најмиле нелегални работници, ќе бидат двојно зголемени. Казни се предвидуваат и за наемодавачите кои на нелегални имигранти под наем ќе им дадат свој имот.

Повлекувањето на ограничувањата на Европската унија за слободно движење на Романците и Бугарите од следната година појави реакции на десничарски политичари, кои предупредија за опасноста од приближување на „орди“ гладни имигранти, кои ќе бараат социјална помош во Велика Британија во момент кога економијата е во застој и државните трошоци се намалени.

Имиграцијата се претвора во едно од главните стравувања на избирачите пред изборите во 2015 година, покажуваат социолошките истражувања.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот